Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 1 јануари 2021 до 20 јануари 2026 година, во својство на овластено лице во правно лице со овластување за технички преглед на возила, изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатените надоместоци до Јавното претпријатие за државни патишта, Црвениот крст, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за животна средина и општините.
Според пријавата, во дејствијата учествувало и лицето С.С., кое заедно со осомничениот било овластено за изготвување и потпишување фактури и доставување извештаи до надлежните институции.
За прикривање на потеклото на парите, средствата наплатени преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од Скопје биле префрлани од една на друга сметка и мешани со приходите од редовното работење. Трансакциите, според МВР, биле вршени врз основа на различни договори, меѓу кои за позајмици, заедничка изградба и купопродажба на недвижности и возила, како и преку преноси на средства.
Дел од парите, според пријавата, биле наменети за купување недвижен и подвижен имот во корист на пријавеното правно лице.
Тие ќе одговораат за проневера во служба и за за перење пари.













