Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикати МЖ Транспорт: Плати или целосен бојкот, Бочварски да дојде и да види во какви услови се работи

/

Македонија

Сподели преку :

Сите шест синдикатите на МЖ Транспорт со последно предупредување до раководството. Пратиле писмо до нив во кое ги навеле своите барања. Или да го добијат остатокот на плата за декември и нормални услови за работа или одат на целосен бојкот. Велат дека денеска требале да ги добијат останатите пари за минатиот месец тоа не се случило, а условите во кои работата на минусни температури се катастрофални.

Ако не се преземат мерки за рок од три дека има писмо дадено од сите шест синдикати ќе се застане во целосен бојкот, заради плати и несоодветни услови за работа. Значи нема ништо да функционира. Поднесено е барањето вчера и тоа значи ако не се смени нешто на 30 ти месецов  во 8 часот ќе има целосен бојкот, вели  Ѓоко Илиевски од синдикалната подружница на Влеча на возови во Скопје.

Се обидовме да го добиеме и раководството на МЖ Транспорт но не успеавме. Министерот Бочварски пак им препорача да почнат да работата за да си ги заработат платите.

инатата година дадовме 25 милиони евра да го подржиме претпријатието сите локомотиви не чинеа  околу 25 милиони евра  за една година им ги дадовме за да земат плати и сега да бараат пак некој да им даде пари за да земат плата мора да работата не може и ќе  бараме план за рационализација на трошење, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Работниците пак го повикаа министерот,  да дојде и да види во какви услови треба да работат.

Го каниме министерот, повели дојдете ја знаете адресата  каде сме за да види во какви услови работиме, додава Илиевски.

Пред три дена синдикалната подружница на влеча на возови во Скопје се закани со целосна блокада  на железница ако не добијат греење. Поради лошите услови многумина се на боледување. МЖ Транспорт со години се дави во проблеми и долгови. Во меѓувреме се работи на либерализација на товарниот сообраќај. Интерес има да влезат на пазарот и други оператори. Бизнисот ова го бара долго време, но познавачите неколку пати предупредија дека со тоа Транспорт ќе остане без  пари значајни за прептијатието

Ирена Чачкова 

 

 

Jumbo 2