Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силјановска Давкова: Не може да се говори за ослободувањето на татковината и за државноста без да се оддаде почит на генерациите кои ги поставиле темелите

/

Македонија

Сподели преку :

Не може да се говори за ослободувањето на татковината и за државноста без да се оддаде почит на генерациите кои ги поставиле темелите на македонската држава, порача претседателката Силјановска Давкова во честитката за 23 октомври. Таа истакнува дека партизаните и нивните потомци со право се повикуваат на Илинденското востание и на комитите, нагласувајќи дека саможртвата на оние кои се бореле за национална држава не смее да биде занемарена.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод празникот, упати честитка до сите граѓани, истакнувајќи дека овој значаен датум нè потсетува на истрајноста, храброста и стремежот на генерациите пред нас за слобода, достоинство и сопствена државност. Во честитката, Гаши нагласува дека нивната борба и пожртвуваност се дел од историската основа врз која денес ја градиме нашата заедничка иднина.

Jumbo 2