Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиљановска-Давкова: Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници, а не само благодарни потомци

/

Македонија

Сподели преку :

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова денеска упати честитка до граѓаните по повод 2 Август, Илинден,  денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници. Силјановска Дафкова во честитката истакнува дека Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници, а не само благодарни потомци на славните предци.

 

  • Во Илинден ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, што им го осветли патот на партизаните до исконската цел – слободата. Илинден е персонификација на исконска желба, решеност, стаменост и храброст за соочување и прифаќање на личната жртва како неминовна! Илинденската епопеја е македонска битова драма. Низ крвавите страници на тешката историја, испишани со Делчевата мисла, Каревата републиканска визија, Питугулиевата саможртва, Чентовиот трибунски дух и делата на бројни знајни и незнајни јунаци, натопени со реки од солзи, се градеше и обликуваше македонската република, вели претседателката.

Таа додава дека Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници, а не само благодарни потомци на славните предци.

  • Кој, ако не ние, ќе биде чувар на илинденскиот завет?

    Кога, ако не сега, ќе ја оправдаме довербата на илинденците и асномците?

    Каква Република ќе им оставиме на нашите сакани деца и внуци?

–И денес, почитувани граѓани, без оглед на етничката, верската, политичката, партиската или друга припадност, мора да ја разбудиме илинденската и асномската совест и свест, влегувајќи во неминовна и неодложна борба за нашата заедничка македонска, европска, демократска република, како правна држава заснована врз начелото на поделба на власта и ефективни спреги и кочници меѓу законодавната, извршната и судската власт, одлучна да ги победи насилството, корупцијата и криминалот, со компетентна, етичка и ефикасна администрација, развиено цивилно општество вклучено во процесот на одлучување и објективно новинарство, бескомпромисно во одбраната на општото добро,  Да ја градиме македонската држава како дом на среќни граѓани, порачува претседателката.

 

Jumbo 2