Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штип без вода – од ХС „Злетовица“ доаѓа заматена вода која филтер станицата не може да ја преработи

/

Македонија

Сподели преку :

Прекинато е водоснабдувањето на Штип, бидејќи од хидро-системот „Злетовица“ пристигнува сирова заматена вода, која Филтер станицата не може да ја преработи.

Од 14 часот исклучена е Филтер станицата и градот Штип со околу 50.000 жители во попладневните часови ќе нема вода за пиење.

Инаку зафатеност на водата од Злетовица е последица на синоќешното невреме.

„Филтер станицата во Штип во овој момент ја прекина преработката на вода која што ја прима од хидро-системот „Злетовица поради екстремно големата матнотија. Ние сме во можност да преработуваме матна вода со параметри од околу 50 НТУ (NTU – Nephelometric Turbidity Units). Во моментов примаме матна вода со параметри од над 400-тини НТУ матна вода. Трасата по која што минува и ја добиваме сировата вода е во должина од над 30 километри. Неблагодарно е да се каже кога ќе почне филтер станицата да преработува сирова вода. Работиме на случајот, правиме сѐ што е во наша моќ и во интерес да ги заштитиме граѓаните, тие да добијат чиста, хемиско-бактериолошки испрана вода“ – изјави за Телма, Александар Арсовски, директорот на ЈП Исар.

Арсовски објаснува дека трасата на цевководот е во должина од 30 километри и засега како што вели е неблагодарно да се даде информација кога ќе се нормализира водоснабдувањето на Штип.

Инаку синоќа Пробиштип, Кочани и Чешиново Облешево беа зафатени со невреме со силен ветар.

Во Кочани се пристигнати 50 пријави за штети на нивните имоти.

Викторија Јованова

Jumbo 2