Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седумнаесет години од потонувањето на „Илинден“ во Охридското Езеро, бродска несреќа во која загинаа 15 бугарски туристи

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на Охридското Езеро во која при потонување на бродот „Илинден“, животот го загубија 15 бугарски туристи.

Несреќата се случи на 5 септември во 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релација Охрид – Свети Наум, се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, кај автокампот „Елешец“.

Жртвите беа жители на општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија.

Бродот беше извлечен од езерото на 19 септември 2009 година и одвлечен до каналот Студенчишта, каде што се наоѓа и денес, како нем сведок на трагедијата во која загинаа 15 луѓе.

Фото: mia.mk

Jumbo 2