Пред неполн месец, на владина седница на 21-ви јули, за национален координатор за култура во владата е назначен доскорешниот министер Зоран Љутков.
Од владата за Телма потврдија дека Љутков е назначен за национален координатор.
Љутко беше реконстриран во средината на јули и по две години мандат како министер за култура и туризам доби нова функција во владата.
Љутков е нов во низата национални координатори во извршната власт. Истта функција ја врши Влатко Ѓорчев којшто е Национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси, а Павле Трајанов е Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
За национален координатор за реформи во високо образование во 2024-тата беше назначена Солза Грчева додека во истиот период поранешната пратеничка Лилјана Затуроска стана Национална координаторка за локална самоуправа.
Во досегашниот состав на извршната власт немаше национален координатор за култура, а откако „Независен.мк“ ја објави информацијата, од владата за Телма ја потврдија новата извршна улога на Љутков. Тој е назначен на 5-тата седница на новиот реконстриран кабинет на премиерот Мицкоски, само 7 дена откако беше разрешен од министерската позиција.
М.С.













