Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум активни пожари, два под контрола, 13 изгаснати – ЦУК за состојбата со пожарите

/

Македонија

Сподели преку :

До 18 часот денеска се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор од кои седум се активни, два се под контрола, а 13 се изгаснати.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни се пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), с. Батинци, Општина Студеничани, с. Палиград (ниска вегетација и шума), Општина Зелениково, м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), с. С’лп, м.в. Горно Село Општини Велес и Зелениково (Општина Велес), со проширување кон с. Карабуњиште, с. Бузалково и селата Добрино и Тисовица (Општина Зелениково) (ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума), селата Копанце и Туденце (Општина Јегуновце), со проширување кон с. Бојане (Општина Сарај) (мешана шума) и с. Чаниште (ниска вегетација), Општина Прилеп.

Под контрола се пожарите во депониите во с. Железница, кратовско, и во Делечево.

Изгаснати се пожарите во Општина Куманово: с. Табановце – м.в. Сланиште (ниска вегетација).
Општина Крушево 1: с. Алданци и с. Норово (ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума), Општина Крушево 2: с. Борино и с. Житоше (ниска вегетација и деградирана дабова шума), Општина Прилеп: м.в. Точила (ниска вегетација и жито), Општина Долнени: с. Врапче и с. Бело Поле (ниска вегетација), Општина Битола: с. Кажани (ниска вегетација), Општина Ресен: кај фармата во Ресен (садници од јаболка), Општина Штип: нас. Балканска (ниска вегетација, Општина Желино: с. Церово (ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума), Општина Дојран: с. Фурка (ниска вегетација и капини), Општина Струга: с. Делогожда (ниска вегетација), Општина Росоман: с. Росоман (депонија), Општина Студеничани: патот од с. Количани кон с. Пагаруша (ниска вегетација и ѓубре).

Jumbo 2