Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седницата со која претседавал Груби пред судот, обвинителството изведува 230 докази за „Лотарија“

/

Македонија

Сподели преку :

Одлуките и заклучоците од владината седница од 6 јуни 2023 со која претседавал Артан Груби беше мегу 230 те докази кои ги изведе денеска обвинителството на судењето за злоупотреби во Државна лотарија. Груби реагираше од своето место токму на овој доказ но судијката му рече дека одбраната ќе има можност да ја изложи и својата тероија на случај. Дополнително ќе се изведува и економското вештачењето но претходно ќе треба во судница да дојде и вештакот. Обвинителството најави и 7 сведоци. Имињата не ги открија но потврдија дека мегу нив е и актуелниот директор на Лотарија

„ Директорот на Државна лотарија е повикан како сведок претставник за да се изјасни за имотно – правното побарување, приклучување на кривичен прогон итн. Поранешниот министер за финансии не е во нашата листа на докази“ рече  Александар Давчевски. обвинител во ОЈО Скопје

Обвинителите не ги коментираат доказите велат анализа ке ја направат во завршните зборови.

„Денеска беа изведувани докази во насока на нивната надлежност, докази со кои се докажува дека тие ги пречекориле своите овластувања и докази како се носени одлуките, како се небавени апаратите и како се платени“, рече Даниел Коцев , обвинител во ОЈО Скопје.

Одбраната на екс член на надзорниот одбор на лотрарија Бојан Јанев смета смета дека обвинението е контрадикторно и нејасно. Ќе докажуваат дека согласно законите Државната лотарија можела и самостојно и заедно со други друштва со ограничена одговорност да приредува игри на среќа.

„Од самите докази кои ги видовме денес, произлегува дека обвинетите не само што не ги сториле делата кои им се ставаат на товар, туку спротивно, тие постапувале по инструкции на Владата, со претходна согласност од Владата и само го штителе државниот интерес што им била во нивна надлежност како членови на Надзорниот одбор. За другите обвинети не можам да кажам, но членовите на Надзорниот одбор постапувале штитејќи го државниот интерес. И многу е чудно зошто Обвинителството сака да го заштити монополот на Казинос Австрија кој го имале тогаш, а не Државната лотарија да приредува игри на среќа самостојно“, рече Јордан Апостолски, адвокат на Јанев.

Од минатото рочиште на 7 мината обивнети им се приддружи екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрам кој откакао сам се предаде е во притвор во Шутка . Обвинителството тврди дека иако знаеле дека компанијата нема право да организира видео лотарија, сепак, преку владина седница, со кој раководел Артан Груби, била донесена одлука за набавката на видеолотариските темринали и направиле штета од 9,7 милиони евра.

Елена Ивановска

Jumbo 2