Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ.
Со Комисијата треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи, според договорот што го постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши.
– Самите дојдоа до договор и јас го почитувам тоа, изјави вчера претседателот на Собранието на брифинг со новинарите.
По седницата, оние членови на Комисијата кои имаат безбедносни сертификати, ќе одат во надзорна посета на АНБ.
Седницата на Комисијата беше свикана на предлог на пратеникот Љупчо Пренџов откако во јавноста излезе информација дека АНБ во периодот од 2019 до 2024 година го прислушувала премиерот Христијан Мицкоски, тогашен опозициски лидер, новинари и бизнисмени.

Ниту актуелниот премиер Христијан Мицкоски во време кога бил во опозиција ниту тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ниту поранешната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска биле директно таргети на операции на АНБ или за нив биле отварани предмети, тврди поранешниот директор на тајната служба Виктор Димовски откако актуелното раководство на… Продолжи со читање













