Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се затвора училиштето во Долни Балван – 13 ученици од септември ќе учат во соседното Таринци

/

Македонија

Сподели преку :

Подрачното училиште во карбинското село Долни Балван е опфатено со оптимизација на училиштата. Предвидено е 13 ученици од прво до петто одделение, наместо во училиштето во село Долни Балван, од септември да ја следат наставата во училиштето во соседното село Таринци.

Родителите доцна попладнево порачаа дека се против затвoрање на училиштето. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека услови за нормалнa настава во училиштето во село Долни Балван нема, бидејќи не е реновирано, наспроти училиштето во село Таринци кое има современ објект.

Согласно Законот, со сегашната бројка на ученици не може да се формира комбинирана паралелка.  Со оптимизацијата се опфатени три училишта во оваа општина. Родителите тврдат дека утре на седница на Совет на општината повторно ќе се гласа за затвoрање на нивното училиште. Градоначалникот Паунов ги негира овие тврдања и вели дека утре ќе се разгледува и усвојува Планот и Програмата за работа за централното училиште „Страшо Пинџур“.

В.Ј.

Jumbo 2