Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

/

Македонија

Сподели преку :

„Додека владата на Мицкоски трупа нови долгови – 4 милијарди евра на грбот на народот, спроведува криминални тендери на најјако“, обвини денеска членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски.

Според него се работи за  семејно-тендерска мрежа во Министерството за дигитална трансформација тешка 1,5 милиони евра. Договорите ги склучил министерот Андоновски.

„Андоновски склучува три нови милионски договори со фирмата „Нома систем солушнс”, подружница во Скопје. Станува збор за тендери за одржување на Системот за управување со документи вреден, софтвер за регистар на имот и софтвер за испити.. Како управител на фирмата се јавува извесен Владимир Симовски – кој е поранешен директен бизнис партнер и косопственик токму со Мартин Клинчаров (сопругот на државната секретарка) во фирмата „СВАГ ФУД ДОО Скопје”, рече Фрчковски.

За скандалот да биде уште поочигледен, сопственички удел во оваа компанија има и фирмата „Матео Дизајн”, која е во сопственост токму на сопругот на Клинчарова, додаде Фрчковски.

Тој ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата да го дополни предметот што го отворила пред една година со овие факти и докази и побара проширување на истрагата, а  министерот Андоновски, кој дозволил неговото министерство да функционира како затворен семејно-деловен круг, да понесе одговорност.

 

 

Jumbo 2