Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари. Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти, соопштуваат од СДСМ.
Според опозицијата за падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните фрижидери и во празните паричници.
- Просечната платата за еден месец паднала за 1.163 денари, минималната плата од 26.000 денари не е доволна ниту за третина од потрошувачката кошничка која порасна на 70.000 денари. Високите цени секојдневно ги празнат семејните буџети. Тоа е вистинската слика за „третата економија во Европа“ на Мицкоски, велат од СДСМ.













