Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“, Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари

/

Македонија

Сподели преку :

Опозициската партија СДСМ денеска преку соопштение вели дека армијата на премиерот Мицкоски штом отвори уста лаже, реагирајки на партите кои потрошени за прославата на Денот на Независноста на земјата.

-Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните, велат од СДСМ.

Од партијата прашуваат:

Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми?

Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти?

Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови, истакнуваат од СДСМ.

Од СДСМ бараат Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платиле 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што.

 

Jumbo 2