Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“

/

Македонија

Сподели преку :

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески. Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство, се вели во реакцијата на СДСМ по говорот на премиерот на одбележувањето на Денот на независноста.

Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа – криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите. Граѓаните не се талог. Опозицијата не е талог. Критичарите не се талог. Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста, порачува опозициската партија.

Jumbo 2