Единствениот државен ПЕТ-скенер не работи повеќе од еден месец. Онколошките пациенти повторно чекаат, повторно се праќаат на приватно, повторно плаќаат илјадници евра за дијагностика без која не може да се води терапија, соопштува СДСМ.
- Министерот Клековски вечерва објаснува дека скенерот „не е расипан“, туку дека за време на редовен сервис откриле проблем со циклотронот, дека нема суровини, дека маслото е во рестриктивен режим, дека треба дозволи од Белгија и Америка, дека Муцунски лично се јавува во Брисел, велат од партијата.
Ова не е објаснување туку признание за аматерски пристап кон единствената јавна дијагностика од овој тип во државата. Циклотронот и ПЕТ-скенерот се еден систем. Без радиофармацевтик скенерот е мртва машина. Проблемот да се открие дури кога апаратот веќе е во сервис значи дека нема постојано следење, нема залиха на критични материјали, нема план Б, потенцира опозициската СДСМ.













