Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со меѓусебни обвинувања за инцидентот во Ново Село

/

Македонија

Сподели преку :

Младите социјалдемократи денеска ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека на прес-конференција објавила доверливи полициски податоци од СВР  Струмица за  нивните активисти  кои   беа нападнати во Ново Село.   Бараат итна истрага и одговорност за тоа како документите завршиле во рацете на функционери на владејачката партија и биле искористени за политичка пресметка и, како што велат, јавен линч врз млади луѓе.

–ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица. Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика, тоа е кривично дело. Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против полициски службеници од Полициската станица Струмица кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци., рече Христијн Ефтимов од СДММ

Од МВР ги отфрлаат како неосновани тврдењата дека токму Министерството е изворот на објавените документи, затоа што, велатм  тие се достапни за повеќе лица во постапката.

„Без соодветна постапка не може да се утврди од каде и на кој начин конкретен документ стигнал во јавноста. Дали со објавувањето е повредена обврската за чување тајна, како и потеклото на документите, може да се утврди единствено во соодветна постапка. МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија доколку се утврди основ за постапување.“ соопштија од  МВР.  

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека документите не се доставени од МВР, туку, како што тврдат, од чесни структури во СДСМ. Додаваат дека со својата реакција СДСМ практично признава  дека во инцидентот во Ново Село учествувале лица со правосилни пресуди

-Христијан Ефтимов, внук на Заеви, и Илија Стојанов, негов другар, се лица кои се условно осудени на година и пол условна казна затвор затоа што тепале странски државјани во Струмица. Истите овие деца Филипче ги претставува како жртви, рееч Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиите веќе неколку дена се препукуваат за случајот во Ново Село, преку прес-конференции и партиски соопштенија.

Од СДСМ обвинија дека нивни млади активисти, кои за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски мирно протестирале со порака за состојбата со водата во Гостивар, биле физички нападнати од членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ и Венко Филипче се обиделе насила да предизвикаат инцидент и политички спектакл.

Емилија Мисирлиевски

Jumbo 2