Поминаа 11 недели од труењето во Гостивар. Поминаа недели откако беше објавено дека во 50 населени места ширум Македонија водата не е исправна за пиење. 11 недели нема извештај, нема одговори, нема одговорност. Нема одговор кој ги загади реките Лепенец и Вардар, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
- Криминалната власт на Мицкоски не може чиста вода да обезбеди за граѓаните а турка пет нови рудници, антимон, дата – центри. Пет нови рудници во Нацрт просторниот план. Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув. Меѓу нив и рудник за антимон, метал за воена индустрија. Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата. Во близина на стари рудници во светот почвата и водата со години остануваат отровни. Се врзуваат често и со арсен. Штетно за белите дробови, црниот дроб, кожата, срцето, велат од опозицијата.
Потенцират дека и дата-центрите им се веќе договорени, компанија објави дека добила пристап до 100Mw струја и до реката Вардар.













