Родителите на 63-те жртви од Кочани повторно бараат правда и предупредуваат дека за нивните деца нема рокови. Стравуваат дека бавноста на институциите може да доведе до истекување на законските мерки пред да заврши судската постапка. Бараат сите за кои ќе се утврди одговорност за трагедијата да одговараат – без привилегии, заштита и двојни стандарди.













