По објавата на Телма дека студентка два пати платила за Интернационален извод од Матичната книга на родени, граѓаните почнаа да ни пишуваат за своите проблеми.
„За извод аплицирав двапати платив онлајн го добив згрешен со печатна грешка, платив третпат и никој не одговара за нивните административни грешки“, ни напиша една гледачка.
И не само во Управата за матична евиденција, граѓаните имаат проблеми и со судската евиденција. Всушност еден граѓанин пишува дека чекал речиси три месеци за да извади документ за неосудуваност.

Според објавата на uslugi.gov.mk граѓаните за своите поднесоци чекаат по пет работни дена, но во случајот кој го објави вчера Телма, станува збор за студентка која барањето за документот го поднела на 10 септември. Кога ќе влезе на порталот стои дека се процесира нејзиното барање. Па затоа решила да оди на шалтер каде повторно платила за ист документ.

Македонските студентите кои деновите ги собираат потребните документи за да се вратат на факултет во странство се соочуваат со административни пречки. Тие, покрај другите документи, секоја година за да добијат право на престој во државите каде што студираат, мора да извадат Интернационален извод од Матичната книга на родени. Студентка која во сабота заминува за Словенија,… Продолжи со читање
Инаку uslugi.gov.mk е портал на кој покрај физичките лица и компаниите можа да понедат барања за одредени документи.














