Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реакции по затворањето на предистрагата за модуларните болници – Мицкоски прстот го впери кон Абази

/

Македонија

Сподели преку :

Обвинителството јасно кажа дека нема злоупотребата на службената положба ниту штета на Буџетот и тоа го отсликува моето работење. Жалам за загубените животи и сочувствувам со семејствата.Вака лидерот на СДСМ и екс министер за здравство Венко Филипче се огласи по одлуката на обвинителството за гонење организиран криминал да го затвори предметот за јавните набавки за 19 модуларни болници.

  • Пет години зборуваат за мене дека сум убиец, ме споредуваат со убиец, ме споредуваат со доктор Менгеле, замислете, јас што спасувам животи…Барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Не мене да ми се извини, да се извини криминалната група и Христијан Мицкоски да се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал. Да се извини и на граѓаните, затоа што пет години шират лажни вести. Затоа што го загадуваат јавниот простор со несоодветен наратив. Мене не мора да ми се извинат, јас тоа од нив не го барам. Многу добро знам со какви луѓе си имам работа – Венко Филипче,  да се извини ОКГ мене не мора.

Затворањето на предметот според премиерот Мицкоски е скандалозна одлука и прстот го впери кон шефот на обвинителство за гонење организиран криминалл Абази чиј мандат истекува во ноември а тој веке потврди дека нема да се пријви за новиот оглас.

  • Претпоставувам своите должничко-доверителски односи кон претходната влада одлучува докрај да ги испорача и не му значи тоа што живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе, не му значи тоа ништо и одлучува овој процес да го стопира. Но, сакам да знае јавноста дека ова не е политичка амнестија од страна на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци, бидејќи секогаш можат да се појават нови детали кои се поврзани со овој процес и секогаш овој процес може повторно да стане актуелен и да се покрене од самиот почеток – Христијан Мицкоски, премиер.

Филипче вели не се плаши од заканите за премиерот за повторно отворање на предметот. Мицкоски пак е збунет  од пораката на опозоицијата- која до вчера критикувала за односот на праовсудството а сега ги фалат.

Од Левица пак посочија и кон ВМРО ДПМНЕ и кон СДСМ  велат оваа одлука ја потврдува нивната игра – војна пред камери, сојузништво во неказнивоста

  • Четиринаесет луѓе загинаа, пет години поминаа, три обвинителки го менуваа предметот, две влади се сменија, а политичко-бизнис врвот повторно излегува без правен товар од целата приказна… Кога и по трагедија од вакви размери институционалниот биланс е толку стерилен, баналноста на одговорноста е уште поочигледна – строга надолу, а сè поблага нагоре, стои во соопштението на Левица.

И за ВРЕДИ ваквиот епилог е скандалозен и оди на товар на ДУИ.

  • Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство велта од ВРЕДИ.

Вчера на брифинг со новинарите обвинителката Верица Бержецка Крстева во присуство на шефот Абази ја образложуваше одлуката да го затоври предметот по шет години предистрага и 4четири месеци откако го презема од нејзината колешка Јосифовска.

Во меѓувреме не презела нови истражни дејствија  и го анализирала она што го сработила нејзината  претходничка.

Рече дека обвинителството ја истражувало само постапката за јавна набавка на модуларните  и не нашло докази дека имало искористување пречекорување или неизвршување на службената должност ниту имало штета на буџетот.

По пожарот во модулатната во Тетово  за тешки дела против општата безбедност  затворски казни од по три години  добија само двајцата поранешни директори на тетовската болница Флорим Бесими и Артан Етеми

Елена Мукоска Ивановска

Б.С.

Jumbo 2