Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на новозаразени со голема кашлица кај повозрасната популација 

/

Македонија

Сподели преку :

Десет нови случаи на голема кашлица за 48 часа во Скопје регистрира Центарот за јавно здравје. Најголем број се нецелосно вакцинирани, само еден е целосно вакциниран. Расте и бројот на новозаразени со голема кашлица кај повозрасната полуплација.

Два нови случаи на пертусис регистрира и Центарот за јавно здравје Куманово, четириесетгодишен жител на Крива Паланка и петгодишно дете од Куманово.

Според доктор Едита Рамизи, четириесетгодишниот маж е целосно вакциниран со сите примени дози на вакцината, додека петгодишното дете е лабораториски потврдено, не е вакцинирано, не посетува градинка и е на домашно лекување со терапија.

Заклучно со 16 февруари во Куманово се пријавени четири случаи на пертусис. Сите деца се на возраст до 5 години, сите се невакцинирани и не посетуваат градинка. Две деца од нив биле на болничко лекување.

„Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје го изработи упатството за постапување во епидемија на голема кашлица и истото е доставено до центрите за јавно здравје. Во однос на препораката на Комисијата за заразни болести да се забрани прием и пристап во градинките на невакцинирани или некомплетно вакцинирани деца, согласно возраста во Календарот за имунизација, надлежно е Министерството за труд и социјална политика“, велат од Министерството за здравство.

 

Труд и социјала пак со спротивен став:

„По однос на препораките на Комисијата за заразни болести за прогласување на епидемија на територија на Град Скопје до овој момент ниту од Владата ниту пак од Министерството за здравство немаме добиено официјално никакво известување, насоки, препораки и заклучоци. Информираме дека согласно член 203 од Законот за заштита на децата надзор над стручната работа во остварувањето, згрижувањето, воспитанието, престојот, негата, исхраната, како и на мерки и активности утврдени во овој закон, врши Министерството за труд и социјална работа, над остварувањето на образовната работа Министерството за образование и наука, а над здравствената заштита во детските градинки ја врши Министерството за здравство“, порачаа од МТСП.

„Во моментов на Универзитетската клиника за инфективни болести за време на викендот е потврден само еден случај на пертусис кај 40-годишен маж, кој е со стабилна клиничка слика и е на домашно лекување“, потврди директорот Фадил Цана. На оваа клиника нема хоспитализирани случаи со пертусис.

Според Комисијата за заразни болести во наредниот период ќе расте бројот на заболени со пертусис и кај повозрасната популација. Но, тоа не претставува ризик за возрасните бидејќи за нив постои антибиотска терапија. Засега нема ДиТеПер вакцини за возрасни, се очекува да стигнат деновиве.

Нина Стефанова

Jumbo 2