Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Радески бара истрага како резултатите од гласањето на болните во Брвеница биле познати пред отворањето на кутиите

/

Македонија

Сподели преку :

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Брвеница им се заблагодари на граѓаните кои му ја дале поддршката на локалните избори, оценувајќи дека резултатите покажуваат намалување на поддршката за власта и раст на поддршката за опозицијата.

Во обраќањето, тој посочи дека во споредба со претходните избори за градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ има пад од над 13 проценти, додека СДСМ бележи раст од 46 проценти. Според неговите пресметки, доколку се земат предвид и околу 400 гласа за ЗНАМ и Левица кои, како што тврди, отишле кај ВМРО-ДПМНЕ, падот на владејачката партија изнесува над 800 гласа.

Тој признава дека не може да биде задоволен од изборниот резултат, но оценува дека граѓаните ја препознаваат борбата на СДСМ и дека довербата во партијата ќе продолжи да расте.

Воедно, упати критики до ЗНАМ и Левица, обвинувајќи ги дека гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а до членовите на платформата „ЗНАМ 2.0“ дека работеле против него и СДСМ. Според него, дел од нив повикувале граѓаните да не излезат на гласање.

„Или молчете или помогнете, доста одмагате“, порача тој, повикувајќи ги да размислат за последиците од нивното дејствување.

Тој побара и истрага за објавувањето на резултатите од гласањето на болните и изнемоштените лица пред да бидат отворени гласачките кутии. Очекува надлежните да утврдат кој ги отворил кутиите, кој ги броел гласовите и кој ги доставил резултатите за јавно објавување пред да стигнат до Општинската изборна комисија.

На крајот, кандидатот на СДСМ оцени дека изборите во Брвеница уште еднаш покажале дека СДСМ е, како што рече, единствената вистинска опозиција во Македонија, додавајќи дека партијата продолжува да се бори за општината и нејзините жители.

„Брвеница ми е во срцето и јас ќе продолжам заедно со вас да се борам за нашата општина, за секое населено место, за секој човек“, порача тој.

Jumbo 2