Соседна Бугарија упати протесна нота до земјава во врска со вчерашните инциденти пред, за време и по натпреварот Шкупи-Левски и тешката повреда на бугарскиот државјанин.
Содржината не се открива, но се дознава дека официјална Софија го осудила институционалниот пристап кон бугарските граѓани и полициската бруталност.
Дополнителни реакции имаше и од политичките партии во Бугарија.
Првата казна што се очекува против тимот на Шкупи е забраната на навивачите „Шверцери“ да присуствуваат на реваншот меѓу Левски и Шкупи за што конечна одлука се чека од УЕФА.

Министерството за надворешни работи ги осудува вчерашните инциденти во Скопје, пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски. Насилството е неприфатливо во ниту еден случај, особено не кога тоа резултира со тешки повреди. Органите за безбедност ја имаат сета поддршка во спроведувањето на јавниот ред и мир, се вели во денешната реакција на МНР.… Продолжи со читање













