Протестите против францускиот предлог пред македонското Собрание продолжија и денеска додека во законадавниот дом траеше обраќањето на Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен.
Повеќе стотици демонстранти го изразуваат своето незадоволство од француската предлог преговарачка рамка на протестот под мотото „Ултиматум, не благодарам“.
Меѓу демонстрантите се појави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој најави дека борбата против предлогот неговата партија ќе ја води и во законодавниот дом и со поддршка на граѓаните,.













