Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Аеродром, Илинден, Гази Баба и Бутел

/

Македонија

Сподели преку :

Здравствените власти прогласија епидемија од западнонилска треска во пет скопски општини – Кисела Вода, Аеродром, Илинден, Гази Баба и Бутел. Според здравствените власти, од почетокот на годината има 26 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а два се суспектни. Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои пет се во тешка состојба и се на механичка вентилација. Најголем дел од заболените се пензионери.

 

Доктор Марија Гочевска од Институтот за јавно здравје информираше дека заклучно со 11 август, се регистрирани вкупно 26 случаи од кои два се веројатни. Од нив, 25 лица се од Скопје, а еден е од Велес. Во однос на возрасната категорија, д-р Гочевска посочи дека 22 лица се на возраст над 60 години.

„Станува збор за автохтони случаи од нашата држава, а едно лице патувало во Грција. Сите случаи се со невроинвазивна форма“, појасни д-р Гочевска.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана информира дека пациентите се третираат на клиниката која располага со капацитети и соодветна дијагностика.

„Четворица пациенти се водат како суспектни и во тек е дијагностичка постапка. Осум пациенти се испишани на домашно лекување, но, за жал, морам да информирам дека 83-годишен пациент е починат. Пациентот имаше и други заболувања“, истакна д-р Цана.

Доктор Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека вчера беше прогласена епидемија на одредени зафатени општини во градот Скопје, како што се Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери.

Jumbo 2