Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат проблемите со преполни контејнери низ Скопје, преплавени со отпад и лоша миризба

/

Македонија

Сподели преку :

Продолжуваат проблемите со преполни контејнери, преплавени со отпад и лоша миризба. И денеска ваква слика забележавме на повеќе места низ градот.

Но, се комплицира ситуацијата и со кабастиот отпад. На многу места се забележува покуќнина расфрлана околу контејнерите која со денови претставува декор на градските населби.

Од комуналец веќе посочија дека се свесни за ситуацијата и дека работат со сето она кое го имаат на располагање, но кабастиот отпад сметаат дека треба да си го средат општините затоа што претпријатието нема ниту надлежност ниту опрема да го собира.

И додека Скопје е затрупано со ѓубре, надлежните веќе најавија нови 3000 контејнери кои треба да стигнат во септември но и камиони за собирање на ѓубре.

До тогаш на граѓаните не им останува ништо друго освен да се стрпат и да се надеваат дека ќе добијат почиста животна средина.

Проблемите со отпадот во градот се провлекуваат доста долг период, неколку пати се најави дека ќе биде решен, но се уште жителите сведочат на преполни контејнери и лоша миризба која не се опишува.

Jumbo 2