Во Основниот суд во Куманово денеска продолжи судскиот процес против обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане на кој му се суди за четири убиства и два обиди за убиство.
Денеска по службена должност му беше доделен адвокат, откако на претходното рочиште адвокатот му го откажа полномоштвото зашто спротивно на неговите совети тој не призна вина. Нов адвокат кој ќе го застапува осомничениот е Тони Цветковски.
На денешеното рочиште ќе се слушнат сведоштвата на двете жени кои успеале да го преживеат нападот – Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска.

Ги убивал, па ги силувал, но не се чувствува виновен. Дваесет и петгодишниот Трајко Бојковски, серискиот убиец од кумановско Нагоричане, на стартот на судењето за четири убиени жени и два обида за убиство, првично не знаеше ниту да се претстави. Судницата се исполни со роднини на жртвите, но и бројни медиумски екипи, а тој се… Продолжи со читање
Според обвинителството, 25-годишниот жител на Старо Нагоричане бил пресметлив кога ги извршувал убиствата, а убивал од омраза кон жените.
Првото убиство го сторил во јануари минататa година а беше уапсен после една година, во февруари годинава. Три од жртвите се повозрасни, а една помлада. Во обвинението е наведено дека делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела.













