Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, констатирани се слабости во вештачењата

/

Македонија

Сподели преку :

Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и Перење пари, против вкупно 13 физички и едно правно лице, а поврзано со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Во предметот за мазутот, сметам дека јавната обвинителка, постапувајќи во предметот, дошла до фаза во која сметала дека ги презела сите истражни дејствија од доказите кои што ги прибрала и единствен резултат од тие докази е да донесе Наредба за запирање на истражната постапка, рече републичкиот Јавен обвинител, Ненад Савески во вечерашното интервју во „Топ… Продолжи со читање

telma.com.mk

Со одлуката, Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да ја продолжи постапката, при што на надлежниот обвинител во прв степен му се дадени и дополнителни насоки за постапување.

Констатирајќи, пред сè, слабости во изготвените вештачења на кои јавниот обвинител од ОЈО ГОКК ја темелел својата одлука да ја запре истрагата, Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејствија на осомничените, особено дали и кој презел директни дејствија или дејствија на помагање со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превез на користење на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице.

Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи ОЈО ГОКК да прибере и анализира повеќе податоци од неколку други институции, како и да нареди нови вештачења со цел прецизно испитување на сите околности и утврдување евентуална кривична одговорност, соопштија денеска од Обвинителството.

Jumbo 2