Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација.
Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без правен основ, да се расправа со нив и да им се заканува, со што постојано го нарушува јавниот ред и мир.

Откако Стојна Димитровска најави на социјалните мрежи дека ќе наплаќа по 5 евра за секој што сака да влезе на локалитетот Камени кукли, денеска обвинителството побара притвор за нејзиниот сопруг. На објавата од вчера на Фејсбук дека ќе издава и фискални сметки, локалитетот го посетиле инспектори на УЈП. Но нејзиниот сопруг кој е британски државјанин… Продолжи со читање
При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 2 и 1 од Кривичниот законик, односно физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат.
Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот „Куклица“, во која и се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, меѓутоа таа одбегнува да го прими и почитува решението.
Исто така, осомничената заедно со нејзиниот сопруг и претходно учествувала во дејствија на спречување службено лице во вршење службено дејствие кон пазарни инспектори.
Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка.

Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово. Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18:00 часот на локалитетот… Продолжи со читање
Б.С.













