Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пријавени мајка и син од Радовиш за даночно затајување на приход од 600 000 евра

/

Македонија

Сподели преку :

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривични пријави против 47-годишен маж од Радовиш и неговата 71-годишна мајка од селото Коџалија, поради сомневања за даночно затајување. Синот се сомничи и за перење пари и бесправно градење.

Според пријавата, во периодот од 29 октомври 2019 до 2 ноември 2021 година, на девизна банкарска сметка на мајката, на која синот бил ополномоштен, од физичко лице од Германија биле уплатени 579.015 евра, односно околу 35,6 милиони денари.

Парите не биле пријавени како приход согласно Законот за данокот на личен доход, со намера да се избегне плаќање данок. При контролата, Управата за јавни приходи утврдила дека бил затаен данок во вкупен износ од 3.182.066 денари, заедно со каматата.

Според сомневањата, 47-годишникот ги искористил парите за изградба на бесправен недвижен имот и за купување движен имот во земјава, прикривајќи го нивното потекло.

Против двајцата е поднесена кривична пријава за даночно затајување, додека синот се товари и за перење пари и други приноси од казниво дело, како и за бесправно градење.

Jumbo 2