Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приходите проектирани на 374,2 милијарди денари, расходите на 420,5 милијарди – Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година

/

Македонија

Сподели преку :

Владата на денешната седница го разгледа и усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година.

„Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата“, стои во соопштението на владината прес-служба.

Со предложените измени, вкупните приходи се проектираат на ниво од 374,2 милјарди денари, додека расходите се проектираат на 420,5 милјарди денари, при што буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво.

Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите, реализација на предвидените програми и навремено сервисирање на сите обврски, додаваат од Владата.

Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот ќе биде доставен до Собранието на понатамошно разгледување и усвојување.

Jumbo 2