Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиерот нема да го разреши Китановиќ бидејќи го повлекол постот за Ратко Младиќ и се извинил – партијата на Бошњаците поднесе кривична пријава

/

Македонија

Сподели преку :

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, нема да биде разрешен од функцијата. Според премиерот тој сфатил дека згрешил и се извинил, и го повлекол постот.

„Господинот го повлече својот став, се извини и сега не треба да го распнуваме или да бараме кривична одговорност за нешто што самиот сфатил дека погрешил“, рече Мицкоски.  јавноста го осуди ставот и постот на китаровиќ со кој тој го величаше правосилно осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

За објавениот пост, Бошњачкиот демократски сојуз  денеска до надлежните институции поднесе кривична пријава против Далибор Китановиќ, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците поради неговото јавно дејствување со кое се глорифицира и велича Ратко Младиќ, правосилно осуден воен злосторник. Во партиското соопштение од партијата наведуваат дека е недозволиво носител на јавна функција со своите постапки и јавни пораки да ги релативизира воените злосторства и да го навредува достоинството на жртвите.

„Особено ја истакнуваме одговорноста што ја носи директорот на институција чија основна улога е остварување и заштита на правата на помалите, односно помалубројните етнички заедници во Северна Македонија. Од таква институција и нејзиното раководство очекуваме почитување на сите заедници, нивното достоинство, како и чувствителност кон жртвите на воените злосторства“, пишуваат од партијата.

Jumbo 2