Откако е вратен еден чекор назад поради процедурата новата влада да ги одобри и врати во Собранието со свој потпис законите на претходната влада, а кои се во собраниска процедура, предлог-законот за рестриктивни мерки ќе се најде пред пратениците, но како што наведуваат од МНР за Телма, со дополнително усогласување со македонското законодавство, но и со забелешките дадени од Министерството за правда.
- „Поради изборот на новата Влада, предлог Законот за измена и дополнување на Законот за рестриктивни мерки административно треба да се потврди уште еднаш на владината седницата во вторник“, велат од МНР за Телма.
Инаку за предлог-законот за рестриктивни мерки Министерството за правда на владината седница на 16 јануари дало, издвоено, негативно милење во кое го оценило текстот на предлогот како противуставен и спротивен на владеењето на правото и правниот поредок.
- „Предложенното дополнување на наведениот Закон, со кое би можеле да се воведуваат, изменуваат и престануваат рестриктивни мерки врз основа на „правни акти“ на САД и правни акти на Обединетото Кралство е во спротивност на уставниот поредок и суверенитетот на Република Северна Македонија“, се наведува во мислењето на Министерството за правда за предлог-законот за рестриктивни мерки.
За Правда противуставно е Владата како извршна власт, со нејзина одлука и без спроведена судска постапка, да воведува рестриктивни мерки, што инаку според важечките закони се прави во кривична постапка и докажување на основаните сомненија за делото, што води кон обвинение.
Друга клучна забелешка на Правда е што предложените законски измени што биле презентирани на владината седница пред две недели се во спротивност на Европската конвенција за човекови права, со што земјава би губела случаи пред судот во Стразбур, пред се на воведени рестриктивни мерки бесз правосилна судска одлука, но и за непочитување на пресумпцијата на невиност.
- „Доколку вака предложените измени и дополнувања во форма на законски текст би биле донесени од Собранието, би се соочиле со проблеми во однос на гаранциите од членот 6 на Европската конвенција за човекови права, кој го гарантира правото на правично судење“, се наведува во мислењето на Министерство за Правда за предлог-законот за рестриктивни мерки.
Во негативнотот мислење на министерството за правда се наведува дека е спорно и тоа што во предлог-законот не е определно кој имот би бил опфатен со рестриктивните мерки, односно кој ќе определи кој имот е спорен и би бил опфатен со мерките.
Ставот на правда е дека Македонија има закон за меѓународна соработка во кривична материја со кој веќе се обезбедени канали на доставување на кривични материјали до надлежни орагани во земјава.
Од Министерството за правда за Телма инфорират дека чекаат да видат какви измени на предлог-законот направило МНР, но, како што велат, не отстапуваат ос воите забелешки.
Измените на Законот за рестриктивни мерки со кои црната листа на САД ќе стане дел од македонсктоо законодавство, односно владата презема обврска да пстапува по неа, вчера беа поздравени од Стејт депаретментот како напори за истрага на наводни коруптивни криминални активности и поикување на одговорност на оние кои ja злоупотребуваат јавната доверба за лична корист.
Тамара Грнчароска













