Струмичките пожарникари ги изгаснаа двата големи пожари-во Иловица и Колешино.
Пожарот во Иловица се приближи на само 100 метри до првите куќи а во Колешино гореше погон за обработка на картон.
„Огнот зафати поголема површина со сува трева и грмушки и беснеше околу 2–3 часа. На терен интервенираше екипа на ТППЕ Струмица со едно навално возило-цистерна и едно теренско возило, а во гаснењето активно се вклучи и месното население со лопати, канистри со вода и земјоделски прскалки, се наведува во објавата на пожарникарите“, соопштија од пожарна Струмица.
Според градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев пожарот е подметнат а на местото нашле гранки сечени со секира и запалка.
Вчера околу 17:30 часот избувнал пожар и во село Колешино, во погон за обработка на картон.
„На терен беа ангажирани 5 против пожарни возила и 14 пожарникари, кои со брза и координирана интервенција успешно го ставија пожарот под контрола и успешно го локализираа. На терен е оставено дежурно против пожарно возило со пожарникари-спасители, информира од ТППЕ Струмица.













