Пожарот во близина на Кавадарци пламна, ноќта ќе биде тешка за пожарникарите. Едниот е на тешко пристапен терен во атарот на селото Раец. Во гаснењето, покрај два „Ер трактори“, се вклучени и два хеликоптера, полициски и армиски.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов вели дека поради брзото ширење на огнот и непристапниот терен, пожарот најверојатно нема да биде ставен под контрола ниту во текот на денот, ниту во текот на ноќта.
А, доцна вечерва пријавени се два нови пожара кај Камен Дол, во близина на каменоломот „Градба промет“ гори нискостеблеста шума и трева, вториот помеѓу селата Цирково и Манастирец, со можност за проширување на голем оган.
Зафатена е претежно нискостеблеста вегетација. Силниот пламен кој се појавува од време на време е последица на согорувањето на многубројните ниски смреки. Гаснењето од страна на кавадаречките пожарникари ќе продолжи во текот на ноќта.













