Пондесено е обвиние „Загрозување лица под меѓународна заштита“, за лицето кое ги опожари возилата паркирани пред бугарската амбасада во Скопје.
На обвинетиот му се става на товар дека на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со предизвикување пожар создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита.
Според дејствијата опишани во обвинението, обвинетиот претходно на бензинска пумпа во непосредна близина на Амбасадата наполнил пластично шише со бензин и се упатил кон објектот. Откако се доближил до паркираните возила што ги користеле военото аташе на Република Бугарија и други вработени во Амбасадата, ги полеал со бензинот и ги запалил, по што веднаш го напуштил местото на настанот.
Обвинителот, исто така бара да му биде и продолжен притворот, оценувајќи дека и натаму постојат причините поради кои мерката била определена и продолжувана – да стане недостапен за органите на прогонот и со тоа да го попречи водењето на кривичната постапка.
Согласно одредбите од Кривичниот законик, за кривичното дело што му се става на товар на обвинетиот е пропишана казна затвор од најмалку една година.

Две дипломатски возила од марките „Киа“ и „Сузуки“ беа опожарени пред Бугарската амбасада во Скопје, откако непознато лице, според првичните информации, подметнало пожар на едното возило, по што огнот се проширил и на второто. Според сознанијата, сторителот најпрво полил запалива течност врз едно од возилата и го запалил, а потоа избегал од местото на настанот.… Продолжи со читање













