Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Постојано чади селската депонија во Босилово – еден час сирени и свирежи во знак на поддршка на протестот на Стојан Велков Трн

/

Македонија

Сподели преку :

Секој ден, од 12 до 13 часот, во центарот на Босилово се огласуваат автомобилските сирени во знак на поддршка на актерот и активист Стојан Велков Трн. Тој почна да протестира пред зградата на Општина Босилово поради чадот што секојдневно се шири од селската депонија. Вели дека на протест го поттикнала загриженоста за здравјето на жителите, особено на децата, кои се изложени на загадениот воздух.

  • „Единствено нешто што може да ве поттикне кога дишете отровен чад е тоа што, по не знам кој пат, го внесуваме во нашите бели дробови, и ние и нашите деца. Единствен поттик е тоа што знаеме дека секојдневно го вдишуваме и тоа прави штета на организмот и, се разбира, доаѓа до несакани последици во форма на болести“ – Стојан Велков Трн, актер и активист.

Проблемот со депонијата не е нов. Велков со години апелира за негово решавање и за воведување посигурен систем за управување со отпадот, со поголем акцент на селекцијата. За тоа се залагаше и во времето кога беше независен општински советник, но мерките што тогаш почнаа да се спроведуваат не дадоа трајни резултати.

  • „Тоа е мотивот којшто нè турка цело време и како активисти и како здружение, но и мене како родител и како човек што живее во ова село и во оваа општина, да дадам еден глас, да се знае дека има некој што го следи тоа, да се знае дека некој постојано ќе биде тука и ќе ги потсетува дека тие мора да ја завршат нивната работа. Значи, единствено што е мотивирачко е дека ние се бориме за живот. Јас немам друг начин, ние немаме други средства. Бев и независен советник, предлагав планови и програми, се почна со некоја селекција, но сега пак е назад“ – Стојан Велков Трн, актер и активист.

Од Општина Босилово информираат дека депонијата редовно се чисти. Оттаму апелираат до жителите да не оставаат отпад пред самиот влез, бидејќи тоа го отежнува управувањето со отпадот во депонијата и го попречува безбедниот пристап. Локалната власт во минатото се сомневала дека дел од пожарите биле подметнати, поради што се наметнува и потребата од поставување видеонадзор на депонијата.

Jumbo 2