Вчера во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп.
Од МВР информираат дека врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронашле и одзеле марихуана.
Затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, посочија од МВР.













