Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Покажал лажни документи на ГП „Ќафасан“, полицијата го фатила

/

Македонија

Сподели преку :

На граничниот премин „Ќафасан“ на 18 септември полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ш.(38), кој при гранична контрола приложил фалсификувани документи, со кои се претставил како италијански државјанин.

-Околу 17:30 часот, при излез од Македонија со патничко моторно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, од страна на полициски службеници била извршена гранична контрола, при што било констатирано дека лицето приложило фалсификувани документи – патна исправа, возачка дозвола и лична карта. По консултација со јавен обвинител, против лицето е поднесена кривична пријава по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување исправа“, информира МВР.

Jumbo 2