Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна протестот против францускиот предлог

/

Македонија

Сподели преку :

Пред владината зграда вечерва под мотото „Ултиматум, не благодарам“ почна десеттиот по ред протест против францускиот предлог.

Протестниот марш започна од Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.

„За да ги отпочнеме преговорите треба да биде променет Уставот, а ние како ВМРО – ДПМНЕ кажавме јасно дека Уставот нема да се промени и покрај шпекулациите“, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски .

Протестите се одржуваа секој ден во 19 часот, освен во петокот, кога незадоволството беше искажано преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп, а не се одржа и во саботата поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам. 

Утре протестот ќе се одржи во 12 часот, пред почетокот на собраниската седница, на која ќе се расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка.

Jumbo 2