Маж на 70 годишна возраст почина од западнонилска треска. Пациенетот починал викендов на Клиниката за инфективни болести. Тој се лекувал во болницата повеќе од 50 дена. Живеел во скопската населба Аеродром.
Досега 10 лица починаа од западнонилска треска.
Според директорот на Инфективната клиника Фадил Цана, хоспитализирани се седум лица, од кои двајца се во критична сотојба. Пред три дена во болницата бил регистриран нов случај на заболен со што бројот на заболени кои се лекуваа на клиниката од западнонилска треска се искачи на 67.













