Хлорирањето во гостиварскиот водовод се намалува, за да дојде до нормални гараници а во меѓувреме се чека и трет примерок кој ќе покаже дека водата е чиста во Гостивар. Денеска се земени новите примероци откако два покажале дека таа не е позитивна на бактерии, но за да се прогласи за дозволена за пиење потребни се три. Ова за Телма го потврдуваат од локалниот кризен штаб од каде велат дека деновиве ќе излезат резултатите од денешните примероци. Сепак потребно е да се намали и нивото на хлор бидејќи таа до сега се хипрехлорираше.
„Два резултати се микорбиолошки добри и нивото на хлор е сведено на нормала, третите мостри се земени денеска и во среда – четврток од Централниот кризен штаб ќе ги објават резултатите. Проблем беше количината на хлор во водата што сега е сведен во нормала“ рече Зуди Џелили, Претседател на локален кризен штаб.
Во меѓувреме на гостиварци им е дозволено да ја користат водата само за бањање и миење, а во делови каде што нема воопшто вода поради проблемите со водоводниот систем се носат цистерни со техничка вода меѓу кои и во дебреше, селото кое се закани дека ќе ги повтори протестите од пред загадувањето на гостиварската вода. Таму биле однесени и донации на вода за пиење од конзорциумот Бехтел и енка. Токму поради работата на автопатот на коридор 8 кој го гради овој конзорциум во мај била преместена главната водоводна линија по што дел од населението сметаше дека е причина за намалениот притисок на водата. Во меѓувреме општинскиот совет се уште размислува дали ќе ги ослободи гостиварци од сметките за вода во периодот во кој таа е забранета за користење. Ова го побара народниот правобранител, а претседателот на советот на општината за телма вели дека ова прашање како можност е веќе дискутирано.
„Следната седница на Советот на Општина Гостивар планираме да ја одржиме до крајот на овој месец. Во координација со сите советнички групи и претставници на политичките партии во Советот, во рамки на нашите надлежности, ќе ја разгледаме можноста за ослободување од плаќање на сметките за вода за граѓаните на Гостивар за периодот од моментот кога беше констатирано дека водата не е соодветна за употреба, па се до официјалното објавување на конечните резултати дека водата повторно може да се користи за пиење и за други потреби“, рече Валнет Џафери – претседател на Совет на Општина Гостивар
Во гостивар беше прогласена епидемија откако околу 5 илјади луѓе се пожалија на труење од водата за пиење. На 16 јули граѓани пријавија дека се сомневаат дека се поставени пумпи кои во системот внесуваат фекалии по што веќе следниот ден анализираните резултати го потврдија тоа. Внесени биле со помош на три пумпи кај каптажата со цел да се зголеми притисокот на вода во Гостивар. На ова претходел протест на жителите на Дебреше кои воопшто немале вода и еден починат работник на Комуналец кој се обидел да го подобри водоснабдувањето, па загинал.
Билјана Николовска













