Преку ФБ платформата Б2, двајцата пратеници од бугарската партија „Препород“ (Воздражание) тврдат дека не ја преминале илегално границата кога минатата недела присуствуваа на судско рочиште во Кочани, во процес против обвинета 23-годишна кочанчанка (македонско и бугарска државјанка) за смртен случај во сообраќајна несреќа. Телма претходно објави пресуда на битолскиот суд која е донесена лани на 8-ми август кога пратениците Крсто Врачев и Ангел Георгиев како дел од 27-члена група поради илегално преминување на македонско грчката граница добиле едногодишна забрана за влез во Македонија.
ФБ профилот Б2 цитира нивна изјава со која тие тврдат дека тие никогаш не ја преминале илегално границата со Македонија, лани во јуни за што беа осудени од судот во Битола. Тврдат дека тогаш биле на грчка, а не на македонска територија.
Во истиот ФБ пост се наведува дека „Ангел Георгиев изјавил дека неговата двегодишна забрана веќе била истечена, додека Крсто Врачев тврди дека никогаш немал забрана за влез во Македонија.“
Информацијата за негирањето ја пренесоа повеќе веб портали кои се со домен .мк, а за кои 360степени објави истражување дека иако се регистрирани во Македонија се поврзани со седиште во Бугарија, објавуваат исти вести и имаат поврзаност со Викто Стојанов, познат по ширење на антимакедонски ставови и негирање на Македонците и македонскиот јазик.
Телма, пак денеска објави дека и покрај пресудата за забрана за влез, Врачев и Георгиев, пратеници од бугарската крајно-десничарска партија „Препород“ биле во Кочани минатата недела и седеле во судница, за време на рочиште.
Миомир Серафиновиќ

Двајца пратеници од партијата ,,Препород" во бугарскиот Парламент со фотографии потврдија дека биле на судење во Кочани на 23-годишната кочанчанка Ива Михајлова која има двојно македонско/бугарско државјанство иако според судски документи кои беа објавени во КОД на Телма, од лани во август имаат забрана за влез во Македонија. Станува збор за бугарските пратеници Крсто Врачев… Продолжи со читање













