Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Привремено повлечен законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ по критиките дека „стана нов начин за перење пари“

/

Македонија

Сподели преку :

По бројните реакции во јавноста и кратко препукување на собраниската седница, предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ беше повлечен на вонредна координација на координаторите на пратеничките групи. Спорен е начинот на кој е предвидено да се управува со проектот и со јавните средства, преку посебна фондација која би била одговорна за реализацијата со посебни правила за јавни набавки.Опозицијата обвини за опасен преседан преку кој неконтролирано ќе можат да се перат пари.

  • За жал, престижната титула стана нов начин за перење на пари. Криминалната организација ВМРО ДПМНЕ повторно се обидува да протне закон со кој ќе се заобиколат правилата за јавни набавки и ќе се отвори пат за милионски тендери без контрола. Подготвиле закон со кој, 21 милион евра ќе може да се трошат без примена на законот за јавни набавки, изјави Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка од СДСМ.

Костадиновска реагира и зошто во законот не се спомнати и вклучени уметниците кои всушност ја подготвиле апликацијата и добиле титулата. Сметаат дека, ова е работа на секторите за култура и туризам на Градот, кои доколку имаат потреба, може да објават повик за ангажирање на надворешни експерти. Од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека за законот ќе се прават дополнителни консултации.

  • По реакциии од опозицијата, на вонредна координација, и врз основа на заеднички разговори, донесена е одлука за надминување на одредени работи кои им се нејасни, точката да биде повлечена од дневен ред. Законот е во законска процедура и ќе се разгледува после одморите или кога ќе се создадат услови за него, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

Левица преку соопштение обвини дека градоначалникот на Скопје го назначил поранешниот директор на Македонската радио-телевизија, Марјан Цветковски, за директор на Фондацијата што треба да го реализира проектот иако таа сè уште не е законски формирана.Ваквото именување за нив отвора сомнежи за законитоста на постапката.Потсетуваат и дека, во 2019 година против него била поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција поради сомнение за злоупотреба на службената положба.

Праксата на другите градови кои биле европски културни престолници е следната: во Риека не е формирана фондација туку трговско друштво и проектот е реализиран без посебен закон, додека во Нови Сад и во Темишвар  проектот го спроведувала  фондација основана од градот, но се применувале постојните закони за јавни набавки, буџетско работење и градење.

Скопје ја доби оваа титула во 2023 година, кога ја победи црногорската Будва.

Далиборка Демјанска

Б.С.

Jumbo 2