На 3 и 4 октомври 2026 година, на кровната тераса на Skopje City Mall, ќе се одржи Pizza Championship Macedonia 2026, голем меѓународен натпревар во пица, кој во Македонија ќе собере пица-мајстори и професионалци од различни земји.
На шампионатот се очекуваат околу 120 натпреварувачи од 20 земји, кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории: Napoletana, Classica, Romana и Mystery Box.
Организатор е Здружението на македонски пицајоли од Кочани, во соработка со Accademia Pizzaioli Italia, Pizza Senza Frontiere и Ristorazione Italiana Magazine, а Skopje City Mall е коорганизатор и домаќин на настанот.
Свеченото отворање ќе биде во присуство на амбасадорот на Република Италија во Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, и Енрико Фама, претседател на Accademia Pizzaioli Italia.
Натпреварувачите ќе бидат оценувани од меѓународно жири, како и од технички судии, според критериуми поврзани со вкусот, изгледот и печењето на пицата, но и техниката, хигиената и професионалноста.
Посебни гости и членови на жирито ќе бидат истакнати професионалци од Италија и други земји, а програмата ќе биде збогатена и со атрактивни pizza acrobatica настапи.
На 4 октомври ќе бидат прогласени победниците во категориите, како и носителите на специјалните награди и Grand Prix.
Организаторите ги покануваат медиумите да го проследат овој значаен меѓународен настан и да ја претстават Македонија како земја која активно придонесува кон развојот и промоцијата на пица-културата и гастрономијата.













