Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Пиштолот паднал или бил одземен“ двајца млади тврдат дека полицијата ги претепала, а ДУИ бара оставка од заменик министерот Исени

/

Македонија

Сподели преку :

Две момчиња од Скопје го обвинија МВР дека се жртви на полициска бруталност и прекумерна употреба на сила, во министерството е отворена интерна истрага, а политичките партии од албанскиот опозициски политички блок бараат оставка од заменик министерот Астрит Исени.

Во јавноста се објавени сликите од двете момчиња, на возраст од 21 и 23 години, на кои се гледаат видливи повреди на лицето за кои тврдат дека се нанесени од полициски службеници. Инцидентот се случил во средата во Скопје но бидејќи не е објавен во полицискиот билтен, не може да се прецизира кога се случил и на кој локација во Скопје.

Опозициската ДУИ во соопштението до медиумите цитираше наводи од интерен полициски извештај во кој според нив стои дека двете лица му одзеле пиштол на полицаец а тие пак тврделе дека пиштолот паднал во нивниот автомобил откако полицајците им го скршиле прозорецот.

Според ДУИ, нападнатите тврдат дека полицајците пукале во гумите автомобилот, а откако ги извадиле надвор им ставиле лисици и ги малтретирале.

Телма се обиде да стапи во контакт со еден од нив, но тој не одговараше на телефонските повици и испратените пораки.

Од МВР соопштија, внатрешната контрола ги проверува наводите за употреба на прекумерна полициска сила.

  • „Министерот за внатрешни работи наложи на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Одделно презема мерки и активности за целосно утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот како и за утврдување на евентуална одговорност на инволвираните полициски службеници. По утврдувањето на фактичката состојба ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи и јавноста ќе биде навремено информирана“ – Гоце Андреевски, портпарол МВР.

Опозициските ДУИ и Алијанса за Албанците веднаш побараа оставка од заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, непристрасна интерна истрага во која доколку се утврди одговорност да има санкции и ја обвинија владејачката „ВРЕДИ“ за молк.

Исени преку социјалните мрежи одговори дека наводите за полициско насилство мора целосно да се расчистат бидејќи униформата носи одговорност да се штитат граѓаните и да му се служи на законот.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2