Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исполни законската обврска и ќе предложи министри и заменици во техничката влада, но нема обрвска да ја гласа во Собранието

/

Македонија

Сподели преку :

Се работи за принципиелен политички став а не обид за добивање политички поени, уверува пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, осврнувајќи се на најавата дека партијата ќе предложи министри и заменици министри во техничката влада, но нема да гласа за неа во Собранието.

Наше длабоко убедување, и на нашите поддржувачи, е дека Талат Џафери не е достоен и не ја заслужува функцијата на технички премиер на Република Македонија. Дополнително што истиот е избран, можеби формално согласно закон, меѓутоа суштински различно од она што го вели законот, а тоа е техничкиот премиер го номинира владејачката партија која што е најголема во Собранието, во случајов СДСМ. За жал, целата македонска јавност, вклучително и ние, дознавме дека техничи премиер ќе биде Талат Џафери после Извршниот одбор на политичката партија ДУИ. Што го докажува она што ние во континуитет го тврдиме а тоа е дека СДСМ во суштина е помалиот партнер во Владата, рече Петрушевски во вечерашната Топ Тема на Телма.

Се согласува дека СДСМ има право да предложи кого сака за технички премиер, но тоа треба да го направат партиските тела на СДСМ, а не на ДУИ.

Она што колешката од СДСМ не успеа да го објасни е фактот што премиерот и покрај тоа што, како што вие велите, претпоставувате, дека има добри правни советници, во неговата изјава дека ќе доставел празни места во делот на владата што припаѓа на опозицијата, заборавија да му го кажат Членот 3 од Законот за влада, каде што во Ставот 2 изрично стои дека при предлагањето на составот на владата мандатарот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Значи, формално правно не може мандатарот да достави состав на влада без да ги пополни сите министерства и министерства без ресор, рече Петрушевски.

Смета дека клучната разлика помеѓу политичка влада и техничка влада е тоа што техничката влада не е коалициска и затоа ВМРО-ДПМНЕ немa никаква обврска да ја поддржи.

Нашите колеги во таа влада не влегуваат како во коалициска влада, со политички договор, со мандат добиен на избори, влегуваат врз основа на закон којшто наложува дека техничка влада којашто ќе биде задолжена да ги спроведе изборите, одредени министерства и заменички министерски позиции добива и опозицијата согласно закон. Затоа тие немаат никаква обврска спрема никој, освен да го исполнат законот, и ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија вели „ние ќе ги предложиме нашите кандидати за позиции коишто ни следуваат согласно закон, затоа што сме одговорна политичка партија, меѓутоа ќе се воздржиме од гласање на таа техничка влада, затоа што Талат Џафери не е достоинствен за да биде премиер на Република Македонија. Многу контровези го пратат во минатото, можеме да ги отвориме и тие теми, рече Петрушевски.

Пратеничката на СДСМ Даниела Колева го праша зошто не им сметал Џафери во периодот кога беше министер за одбрана во владата на поранешниот премиер Никола Груевски, и ги повторни познатите критики на владејачката партија дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер постојано менуваат ставови.

Одговорна политика партија не е партија која што го менува секој месец својот став. Да кажеме 28 ноември Мицкоски има изјавено стоп за техничка влада, на 15 декември има изјавено во понеделник ќе поднесеме закон за укинување на техничката влада, 3 јануари, после Водици ќе се знаат министрите во техничката влада. Значи на секој месец менување на ставот дефинитивно не е одговорна влада. Дали не ви сметаше Талат Џафери 2013, 2014, 2012 кога беше министер за одбрана, заедно во коалиција со вас? Зошто би предлагале министри, технички министри и заменици министри а да не ги гласате, праша Колева..

Колева изрази надеж дека до петок, кога почнува расправата за техничката влада, има време да се полниот состав на техничката влада. Според неа, СДСМ нема ништо против техничката влада, но е подготвена да разговара за смена на законот, со која таа ќе биде укината.

Ние немаме проблем со техничката влада, значи јас морам да го нагласам тоа и граѓаните мора ова да го знаат, заради тоа што сметаме дека таа е многу важен дел во целиот овој пакет на одржување на фер и демократски избори. Кога ќе седнеме сите, на начинот на којшто е донесена техничката влада и влезена во закон, со консензус, кога ќе седнат сите партии во одреден временски период, како што се седна за измена на деловникот или за други работи наназад, ќе се договориме да се укине таа техничка влада. Тоа може да се случи, меѓутоа за тоа треба одреден временски период. За тоа немаше време сега, можеби после одржувањето на изборите, но дефинитивно како заедно се донесе таа техничка влада, треба заедно и да се укине, рече колева.

Jumbo 2