Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи. Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион, Филипче и Заев ветуваа бесплатно здравство, а добивме провизии за вакцини, провизии за модуларни болници и провизии за тендери и набавки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата на власт велат дека Филипче велел дека Македонија не била за продажба, а имал потпишан бланко лист за барањата на Бугарите.
- Со ова Филипче е директно против Македонија. На Филипче му смета успехот на Македонија. Затоа е против дата центри, рудници и фабрики. Ама не е против бугарски фирми, златни визи и акции во индиски авиокомпани. Исто така, на Филипче му пречи Дејвид Гета, ама не му пречи Харис Џиновиќ. Тоа се двојните стандарди на Филипче и СДС. Затоа и ќе бидат вечна маргинална опозиција, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.













