Сите учесници во инцидентот во скопската населба Чаир, во кој со нож беше повредено 13-годишно дете, се обезбедени од полицијата, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во врска со случајот се приведени вкупно пет лица.
Повреденото дете е во многу тешка здравствена состојба и се бори за живот. Според првичните информации на МВР, и осомничениот за нападот е малолетник, роден во 2012 година.
„Едно лице моментално е во многу тешка здравствена состојба, се бори за живот. Станува збор за малолетник, а согласно првичните информации добиени од службите во Министерството, и оној кој го врши кривичното дело исто така е малолетник. Детето со тешки телесни повреди и детето кое ги нанесува се иста генерација, родени 2012 година“, рече Тошковски.
Министерот оцени дека случајот е сериозен аларм за општеството и нагласи дека насилството меѓу малолетници бара поширок институционален одговор.
„Станува збор за сторување ужасно насилни кривични дела од страна на малолетници, каде што кривично-правниот општествен одговор е многу поинаков отколку кога станува збор за полнолетни лица“, истакна Тошковски.
Тој посочи дека во справувањето со ваквите случаи треба да бидат вклучени повеќе институции – МВР, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование, здравствените установи и Министерството за здравство, но и родителите и центрите за социјална работа.
„Овде мораме како општество малку подлабоко да навлеземе и мора да има поширок институционален одговор. Навистина ова е еден од најужасните предизвици коишто ги имаме пред нас“, рече Тошковски.

Тринаесетгодишно дете се бори за живот, откако било избодено со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“, дознава Телма. Според болнички извори, детето е во исклучително тешка здравствена состојба. Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице, велат за Телма извори од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во тепачката биле употребени… Продолжи со читање













